-0.7 C
Pehčevo

    Пехчево доби фестивалска сцена и туристичко-информативен центар

    Датум:

    Општина Пехчево во рамки на меѓуграничниот проект „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам“ доби фестивалска сцена со комплетно озвучување и опрема, како и современ туристичко-информативен центар.

    Бина

    Како што беше соопштено денеска на прес – конференција, на која беа промовирани резултатите од проектот, ова за Пехчево значи продолжување на напорите кои општината ги прави за развој на туризмот.

    Проектот изминатите 24 месеци го спроведуваа општина Пехчево од Македонија и Брезница од бугарската општина Гоце Делчев.

    – Со туристичко-информативниот центар, туристите кои ќе го посетат Пехчево ќе имаат можност да ги добиваат сите потребни информации на едно место, што за нас ќе значи дека ќе може да ги промовираме нашите природни богатства. Исто така добиваме и современа сцена на кој покрај организирањето на постоечкиот Фестивал на дувачки оркестри, ќе можеме да организираме и голем број други манифестации и фестивали со што ќе го подигнеме културниот живот во градот, рече градоначалникот Драган Тренчовски.

    Според координаторот на проектот од Брезница, Теодорина Тодорова, соработката со Општина Пехчево овозможила развој на трансграничниот туризам и реализирање голем број инфраструктурни активности.

    Координаторката од општина Пехчево, Јасминка Пашалиска Андонова, информира дека во рамки на проектот е изготвена Стратегија и студијата за развој на туризмот како насока за следните чекори на општината за развој на туризмот.

    Проектот „Платформа за прекуграничен туризам во полето на култура и традиција – ФОЛКЛОР“, вреден 450.000 евра, се спроведува преку Интерег ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија.

    Бина2

    – Со целовечерен концерт на Венко Серафимовски, бендот „Purple Zeppelin“ и групата „Тоа е Тоа“ вечерва во Пехчево се одржа првиот фестивал за прекуграничен фестивалски туризам. На вечерниот концерт му претходеа настапи на културно-уметнички друштва од регионот, локални музички таленти, како и фолклорна група од соседна Република Бугарија.

    – На денешниот фестивал сакаме да направиме спој на традицијата и современото живеење. Имавме учесници кои со својот перформанс се надевам ги задоволија вкусовите на најпребирливите. Се надевам дека овој фестивал ќе прерасне во традиционален и догодина ќе имаме многу повеќе учесници, рече градоначалникот на општина Пехчево Драги Тренчовски.

    Бина1

    Венко Серафимовски изјави дека на овој убав ден прекрасно е да се биде во Пехчево и да се свири на новото озвучување кое го доби општината.

    Концертот се реализираше како дел од проектот за прекуграничен фестивалски туризам кој го спроведуваат партнерските прекугранични општини Пехчево и Гоце Делчев.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...