3.7 C
Pehčevo

    Пехчево овие четири дена беше центар на Македонија

    Датум:

    Пехчево четири дена беше центар на Македонија

    Жири-комисијата по втор пат ја додели златната труба на  дувачкиот оркестар Уска Кан од  Берово. Со освојувањето на златната труба, беровските трубачи ќе настапат и на интернационалниот фестивал во Гуча, Србија, каде лани ја освоија златната труба на светот потврдувајќи го квалитетот на пехчевскиот фетсивал.

    Жири-комисијата, втората  награда ја додели на  Дурмишев Сергин од  Штип,  а третата на Дурак од  с.Црник. Наградата од домот на културата ,, Јане Сандански ’’ за најдобар иструменталист ја доби Демир Кантуровски.

    Инаку, по повод празникот Павловден, заштитник на градот, вчера во Пехчево беше одржан и саемот на традицијата. На 15-тина штандови на градскиот плоштад беа изложени домашни ракотворби, резби ,еко храна од шумски плодови изработени од занаетчии од Пехчево, Берово и од другите градови од Македонија кои нудејќи ја традицијата по 6 -ти пат го збогатија пехчевскиот Павловден.

    Градоначланикот Игор Поповски по повод отворањето на Саемот на стари ракотворби истакна дека Пехчево денес ја празнува традицијата.

    -Денешниот свет православен празник, Павловден, нашиот заштитник  е повод и оваа година по 6-ти пат да го организираме Етно-саемот во кој ќе ја понудиме нашата традиција, традиционалната храна, домашните ракотворби, старите занаети..сето ова спакувано како добра туристичка промоција од Малешевијата и Пехчево. Штандовите на етно-саемот  ги даваат боите  на Малешевијата и на Македонија, тоа е душата на нашиот народ кој опстојувал со векови и сето тоа заслужува да се промовира и понуди како бренд од овој крај.

    Вечерта со натсвирувањето на финалистите заврши четвртото издание на Фестивалот на дувачки оркестри.  Годинава овој фестивал го сруши рекородот на посетенот. Во четирите фестивалски денови, Пехчево го посетија над 30 илјади гости.

    Пехчево четири дена беше центар на Македонија Пехчево четири дена беше центар на Македонија

    Пехчево четири дена беше центар на Македонија Пехчево четири дена беше центар на Македонија

    Пехчево четири дена беше центар на Македонија Пехчево четири дена беше центар на Македонија

    Пехчево четири дена беше центар на Македонија Пехчево четири дена беше центар на Македонија

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...