4.6 C
Pehčevo

    Отворен ден за жителите на Пехчево, измени и дополнување на законот за домување

    Датум:

    Согласно законот за изменување и дополнување на законот за домување, откуп на станови по проектот ФП 1340 и за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на овој план, во кабинетот на градоначалникот Поповски се одржа отворен ден за жителите на Пехчево.

    Согласно законот за изменување и дополнување на законот за домување, откуп на станови и за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на овој план, во кабинетот на градоначалникот Поповски се одржа отворен ден за жителите на Пехчево. На средбата присуствуваше и Раководителот на подружницата АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор на РМ, Анче Трифунов.
    Граѓаните кои присуствуваа на средбата се информираа за сите прашања кој што ги имаат по однос откуп на општествени станови согласно ,, Законот за изменување и дополнување на законот за домување “, откуп на становите и за сите проблеми кои што ги мачат граѓаните, а се поврзани со работењето на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката.
    Раководителот Трифунов истакна дека целта на средбата е да се известат граѓаните кои се корисници на станови добиени од програмата за изградба на станови за лица со ниски примања и социјално загрозени, дека на оние граѓани кои им истекува договорот од 5 години сега имат можност за продолжување на истиот и за откуп на станови по доста поволни усови.
    Инаку во одделение на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор истакнаа дека во Пехчево ќе се градат станови за кои е изготвена проектна документација.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...