Во ООУ.„ Ванчо Китанов“ со средства од Министерството за образование и наука, целосно е опремен кабинетот по Природни науки.
Директорката Добрила Јовевска, истакнува дека новите нагледни средства и инвентарот се специјално дизајниран за лабораторија и за полесно совладување на содржините по предметот Природни науки.
Се работи за специјално дизајниран инвентар наменет за лабораторија по Природни науки, што ќе допринесе за поквалитетно и непречено изведување на наставата по овој предмет, за изведување на експерименти и подготовка на проекти.
Градоначалникот Александар Китански, вели, дека со целосно новиот кабинет по Природни науки во ООУ.„Ванчо Китанов“ кај учениците ќе се развива свесноста за важноста на животната средни и љубовта кон природните науки, а и ќе се едуцираат за воздухот, почвата, растенијата..
–Со средствата од МОН, целосно е опремен кабинетот по Природни науки во училиштето Ванчо Китанов, со што нашите ученици полесно и побрзо ќе ја развиваат свесноста за важноста на животната средина и љубовта кон природните науки. Грижата за животната средина треба да се учи во образованието, затоа што така најдобро се поттикнуваат цели генерации на одговорност кон животната средина и нејзината заштита, рече Китански.
Опремата е донација од Министерство за образование и наука, а целта е унапредување на образовниот процес во основното образование, посебно препознавајќи ја важноста на изучувањето на природните науки.