Основното училишта и детската градинка во општина Пехчево, подготвени за почетокот на второто полугодие од школската година. Ова беше констатирано на денешната средба која градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, ја оствари со директорот на ООУ ,, Ванчо Китанов “, Ванчо Сивевски и директорката на ОЈУДГ ,, 7 Септември “, Гордана Вазлиска. Во врска со најавениот штрајк, директорите го информирале градоначалникот дека не се согласуваат со штрајкот кој го најавуваше раководството на СОНК и дека проблеми кои би биле пречка за почетокот на наставата нема, така што не постои никаква пречка за почеток на второто полугодие.
На состанокот, како што информира градоначалникот Поповски, биле разгледани активностите на овие општински установи за време на зимскиот распуст и подготовките на училиштата за почетокот на второто полугодие.
– Заедничен заклучок со директорите е дека сите предуслови за одржување тековно на наставата и почеток на второто полугодие се исполнети. Училиштата се снабдени со нафта за греење, други проблеми во комунална сфера немаат, така што редовно од 20.01.2015 (вторник) ќе започне наставата во општина Пехчево. Не очекуваме никакви проблеми при почетокот и на сите ученици им посакуваме успешен почеток на второто полугодие, рече градоначалникот Поповски.
Средбата на градоначалникот и директорите беше фокусирана и на воспитно образовната настава во училиштата и мерки за нејзино перманентно подобрување со следење на обуки и примена на нови позитивни практики и за одредени капитални инвестиции во овие две воспитно образовни установи.