-1.4 C
Pehčevo

    Општина Пехчево се вклучи во акцијата за пружање на помош за настраданите во поплавите што го зафатија скопскиот регион

    Датум:

    ДонацијаОпштина Пехчево  се вклучи во акција за пружање  на помош за настраданите во поплавите што го зафатија скопскиот регион. Од денес во Општина Пехчево  е отворен е пункт каде сите хумани граѓани можат да донираат секој работен ден. Хуманитарната акција општината ја организира во соработка со НВО и Јавните претпријатија и установи од Општина Пехчево во соработка со државните институции и црвениот крст. Изјави Градоначалникот Игор Поповски

    Од денес изутрина на помош за расчистување на теренот по поплавите во скопските општини се испратени на терен два тима од Општината а за наредните денови се спремаат и други тимови од Општина Пехчево.Донација1

    Со донирање на најнеоходните производи општина Пехчево уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. Во акцијата покрај граѓаните се вклучија и јавни институции и приватни фирми.

    И Општина Пехчево во соработка со Општинската организација на Црвен крст Кочани и невладинитеорганизацииод општината  на градскиот плоштад организира собирна акција за помош на настраданото население во Скопје, во среда 10.08.2016 и петок 12.08.2016 од 12:00часот до 16часот.

    Последен пат населението се обедини за собирање на хуманитарна помош за насраданите од поплавите што ја зафатија Република Србија пред две години.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...