1.7 C
Pehčevo

    ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ПРОДОЛЖУВА СО ЗАЈАКНАТИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД COVID 19

    Датум:

    помош пакетиОпштина Пехчево продолжува со мерките кои се однесуваат на заштита на најранливите категории на граѓани во време на пандемија на коронавирус и во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и финасиска поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ) обезбеди средства и заштитни материјали за продолжување на активностите кои значат услуги кон старите и изнемоштени лица, лица со попреченоста и лицата во социјален ризик.

    Од страна на донаторите пристигна пратка со заштитни материјали (заштитни маски, ракавици, заштитни визири и алкохолни гелови) наменети за Асистентите за поддршка кои во рамки на проектот ,,Реактивирање на сервисите за стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и социјален ризик во др. ранливи категории во општина Пехчево за справување со последиците од COVID 19,, ќе даваат услуги кои значат набавка и достава на храна, продукти и лекови со цел да се заштитат оние кои се најранливи и да останат дома во контекст на минимизирање на движењето и социјално дистанцирање.

    пакети за лица

    Од страна на Општина Пехчево ќе бидат оформени локални тимови за поддршка  на територијален принцип и ќе бидат ангажирани вкупно 19 (деветнаесет) невработени лица – Асистенти за поддршка во сите населени места.

    Во најкраток временски период, по консолидацијата, обуката и опремувањето на Асистентите за поддршка, истите ќе бидат на терен  во согласност со генералните препораки за вонредната состојба во која се наоѓаме.

    Се повикуваат граѓаните на општина Пехчево, оние кои сметаат дека им е потребна услуга за набавка и достава на храна, продукти, лекови и др. со нивни финансиски средства, да се најават на дежурниот телефон за контакт на општина Пехчево – 033 441 321 со свои основни податоци кај лицето Љупчо Каракашовски.

    Сите пријавени лица ќе бидат контактирани за да се договори посета од Асистенот за поддршка со цел организирање на динамиката за превземањето на финасиските средства, набавката на храна, продукти, лекови и др.и нивната достава во домовите на граѓаните.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...