0.9 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ќе ја обновува патната инфраструктура во селата Умлена,Робово,Црник и Панчарево

    Датум:

    Со средства од Бирото за регионален развој, општина Пехчево доби проект за Изработка на проектна документација за патна инфраструктура во пехчевските села Умлена,Робово, Црник и Панчарево, со цел да се осовремени инфраструктурата што ќе придонесе за развој во тие селски населби.

    Како што истакна градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, потпишан е договор со фирма за изработка на проектна документација за патна инфраструктура за повеќето селски населби во општината.

    -Општина Пехчево за да ја подобри состојбата на патната инфраструктура во селските населби аплицираше и доби финансиски средства од Бирото за регионален развој на Република Македонија за создавање на предуслови за рурален развој во село Умлена, Робово, Црник и Панчарево. Средствата се во вредност од 657.024 денари. Со овие финансиски средства ќе се изработат проекти, со кои ќе аплицираме до надлежните институции и до Влада на Р.Македонија за реализација на истите, рече градоначалникот Тренчовски.

    Тој додава дека со вакви или слични проекти ќе се подобри квалитетот на животот во селата и ќе се даде придонес за намалување на иселувањето.

    -Во изминатиот период селата беа целосно заборавени. Сега акцентот го ставаме на руралните подрачја и подобрување на квалитетот на живеење за сите граѓани, а особено таму каде што е најпотребно, во подрачјата со специфични развојни потреби и во селата. Ние сакаме да придонесеме во подобрување на квалитетот на животот во селата и со вакви и слични проекти ќе дадеме придонес за намалување на иселувањето и останување на младите, додаде Тренчовски.

    Според  договорот со фирмата изведувач ЕУРО РОАД ДИЗАЈН ГРОУП ДОО изработката на проектната документација треба да биде извршена за 30 дена.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...