0.5 C
Pehčevo

    Општина Пехчево го подобрува квалитетот на јавните услуги

    Датум:

    Општина Пехчево во рамки на проектот ,,Подобрување на квалитетот на јавните услуги во општина Пехчево,, набави комунална механизација – трактор со 4 приклучни елементи за одржување на инфраструктурата и подобрување на хигиената во сите населени места.
    Трактор
    Општинскиот проект ,,Подобрување на квалитетот на јавните услуги во општина Пехчево,, се реализира во рамки на проектот ,,Унапредување на општинското владеење,, на Програмата за развој на Обединетите нации кој е финансиран од ЕУ и кој е наменет за 30 општини во земјава кои се соочуваат со сериозни предизвици во развојот.
    Трактор2
    Проектот ,,Подобрување на квалитетот на јавните услуги во општина Пехчево,, се состои од две компоненти, односно истиот подразбира надминување на развојните предизвици преку механизмот за планирање на интегриран и инклузивен локален развој и изработка на Интегриран план за локален развој за општина Пехчево 2019 – 2022 год. и поддршка во спроведувањето на детектираните приоритети за развој односно набавка на комунална механизација заради подобрувањње на квалитетот на јавните услуги и одржување на инфраструктурата.
    Трактор1
    Набавката на трактор со приклучна механизација (предна тракторска даска за снег, задна четка за чистење на улици, мулчер со странично хидраулично исфрлање и тракторска соларка) се обезбедени преку грант од Програмата за развој на Обединетите нации во вредност од 26.000 евра.
    Канцеларија за Локален економски развој

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...