-2.6 C
Pehčevo

    Општина Пехчево ќе има обучен тим на локални водичи во природа

    Датум:

                                                 Програма за зачувување на природата Проект на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтант Македонија

    Локалните водичи во природа ќе бидат подготвени да работат со туристите и соодветно да им ги претстават природните и културните вредности во општината

    Утре во просториите на здружението Амброзија во Пехчево ќе започне циклусот обуки за локални водичи во природа. Оваа активност е дел од проектот за Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

    Првата обука од овој циклус се фокусира на културата, традицијата и обичаите на општина Пехчево. Во наредниот период ќе се одржат четири обуки кои ќе им овозможатна локалните водичи да ги зголемат своите знаења од областа на природните вредности на општина Пехчево како и подетално да се запознаат со историјата на општината. Освен за културата, традицијата и обичаите, учесниците на овие обуки ќе научат и за: биодиверзитет и одржлив менаџмент на ресурси; природа, планинарење и велосипедизам; и за работа со групи.

    Проектот за Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево е насочен кон одржливо управување со природните ресурси и зачувување на биоразновидноста и георазновидноста во општина Пехчево. Главна цел на овој проект е обезбедување на услови за одржливо управување со природните ресурси во општина Пехчево. Долгорочното влијание од овој проект се очекува кај одржливо користење и управување на богатството на биоразновидноста и георазновидноста, нивна промоција преку екотуризам.

    Преку активностите кои ќе се спроведат во овој проект ќе се обезбеди подигнување на свеста кај локалното население, како и кај посетителите, за нивната вредност, значењето и зачувувањето на биоразновидноста и георазновидноста; ќе се обезбеди поврзување и пристап до овие локации исполнети со биоразновидност и георазновидност; ќе се мапираат сите природни вредности, и ќе се направи нивна промоција; ќе се обезбеди план за одржливо управување со локациите (формирање на тим локални водичи во природа и можност за користење на велосипеди со што ќе се намали користењето на моторни возила и ќе се елиминира загадувањето на воздухот).

    Проектот за Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево е финансиран од Програмата за зачувување на природата во Македонија а спроведуван од Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонијa.

    Милиеуконтакт Македонија работи кон подобрување на квалитетот на живот преку градење партнерства и преку поддржување на граѓанското учество во изградбата на еколошки одржливо општество.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...