-2 C
Pehčevo

    Одржана промоција на книгите „Ања“ и „Срце“ во Пехчево

    Датум:

    По повод јануарските празници Општинската установа-Матична библиотека „Кочо Рацин“ промовираше две книги „Ања“ и „Срце“ од Оливера Ширговска. Промоцијата се одржа во петокот во ресторант „Тропик“.

    По повод јануарските празници Општинската установа-Матична библиотека „Кочо Рацин“ промовираше две книги „Ања“ и „Срце“ од Оливера Ширговска.

    „Ве поздравувам релаксирано, опуштено, насмеано, зашто со вас сакам да ги споделам убавите моменти и доживувања, сакам да бидете дел од нас, да бидете близу до нас. Но, нема да бидеме подобри ако не пофалите, ниту ќе бидеме полоши ако не критикувате. Ние сме такви какви што се гледаме себеси и ништо повеќе и ништо помалку“ – така водителката и поетеса Габриела Костадинова ја започна оваа промоција употребувајќи убави реченици за љубовта, бидејќи основната тематика во книгите „Ања“ и „Срце“ е всушност љубовта, љубовта меѓу двајца млади и се она што произлегува од таа љубов и разочарувањето и тагата и тешкотиите што треба да се надминат, но и среќата и радоста како последица на сето тоа.

    Свое обраќање имаше и директорката на библиотеката г-ѓа Јасмина Цековска која на присутните гости им се обрати со следните реченици: „ Ова е мој прв јавен настап и прва активност на библиотеката од кога сум дојдена. На мое задоволство и моја среќа е тоа што заменив една успешна директорка каква што беше Габи од која ќе црпам искуство, ќе соработувам и сите наредни активности на библиотеката ќе ги организираме како тим, зашто од многумина слушнав дека Габи е добар организатор за промоции на книги во кое сум сигурна дека и денес не увери сите присутни“ – рече г-ѓа Цековска. Промоцијата продолжи со читање на рецензиите на двете книги. Рецензијата од Горјан Петрески за книгата „Ања“ ја прочита директорката на библиотеката, а рецензијата на книгата „Срце“ ја прочита професорката по македонски јазик Јулија Велковска. Извадок од книгата „Срце“ прочита педагошкиот наставник Емилија Димевска. На крајот се прочитаа и две песни од поезијата на Оливера Ширговска.

    Младата писателка Марија Ѓоргиевска ја прочита песната „Што си ти“а, Габриела Костадинова ја прочита песната „Сакај ме“.

    По повод јануарските празници Општинската установа-Матична библиотека „Кочо Рацин“ промовираше две книги „Ања“ и „Срце“ од Оливера Ширговска.

    Крајот на промоцијата сепак го заврши писателката Оливера Ширговска која беше пријатно изненадена од целокупниот впечаток на промоцијата. Посебно се заблагодари на сценаристот и организатор на промоцијата на својата колешка-поетеса Габриела, но благодарност упати и на директорката на библиотеката Јасмина Цековска.

    На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...