-2.3 C
Pehčevo

    Одржана промоција на книгата ,, Животни горчини “ од Марија Ѓорѓиевска

    Датум:

    Вчера во холот на ООУ„Ванчо Китанов“ - Пехчево се одржа промоција на книгата „Животни горчини“ од Марија Ѓорѓиевска.

    Вчера во холот на ООУ„Ванчо Китанов“ – Пехчево се одржа промоција на книгата „Животни горчини“ од Марија Ѓорѓиевска.

    Толку млада, а нејзиното перо зрачи со искусност и искреност. Писателката Марија Ѓорѓиевска, со своите неполни 17 години, несомнено е од оние млади луѓе што ја имале среќата да бидат препознаени во јавноста онака како што треба, заслужено и одмерено.

    „Како да ја доловиме суштината на денешното наше дружење, а притоа да не ја кажеме причината поради која сме денеска собрани овде. Во ова тивко јунско претпладне, додека ѕвездите на небото го играат својот танц, а сончевите зраци се обидуваат да навлезат низ прозорското стакло, уживајте во она што следува гледајќи напред и забележувајќи го она најдоброто.“- истакна водиделката Елица Јовевска.

    Вчера во холот на ООУ„Ванчо Китанов“ - Пехчево се одржа промоција на книгата „Животни горчини“ од Марија Ѓорѓиевска.

    Таа ги поздрави присутните гости со едно топло добредојде на презентацијата на книгата посветена на љубовта, на онаа возвишено чувство што го разбранува секое човечко битие. Рецензија на книгата напиша Марина Огненова,но во нејзино отсуство рецензијата ја прочита професорката по македонски јазик Јулија Велковска, која покрај другото даде и свое видување за Марија како нејзина ученичка и за нејзината книга.

    Промотор на книгата беше нашата поетеса Габриела Костадинова,која со своето искуство и талент што го поседува секоја промоција што досега ја правела, па и од сега остава впечаток за кој долго време се зборува.

    Вчера во холот на ООУ„Ванчо Китанов“ - Пехчево се одржа промоција на книгата „Животни горчини“ од Марија Ѓорѓиевска.

    На крајот свое обраќање имаше и авторката Марија Ѓорѓиевска која се обрати пред присутните и ги поздрави со неколку реченици.

    На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево г-дин Игор Поповски.

    Инаку, оваа книга претставува прво книжевно дело на младата писателка која во книгата пишува односно опфаќа тема која е навистина комплексна и за поискусни автори. Во книгата таа ни кажува од нејзина гледна точка што всушност е животот, кои се и какви се луѓето, како се делат и зошто така се делат лугето, ни пишува за љубовта за интелектуалната вредност на лугето, моралната вредност.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...