4.6 C
Pehčevo

    Oдобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект вон опфат.

    Датум:

    БР. 09-1054/1
    од016.08.2022 година
    Пехчево

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктурни објекти со класа на намена Е1-8-Инфраструктура за пренос на електрична енергија -среднонапонски кабелски вод со столбна трафостаница – на дел од КП 2322- КО НЕГРЕВО и дел од КП бр.4026 ,дел од КП бр.1205/1, дел од КП бр.12 – КО ПЕХЧЕВО, Општина ПЕХЧЕВО,  согласно законот од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Пехчево, со Решение за формирана бр.03-64/1 од 14.01.2022 година, а врз основа на член 62  став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

                                                     РЕШЕНИЕ

    Се одобрува  ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, поднесена со барање број 11-1049/1 од 15.08.2022година, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктурни објекти со класа на намена Е1-8-Инфраструктура за пренос на електрична енергија -среднонапонски кабелски вод со столбна трафостаница – на дел од КП 2322- КО НЕГРЕВО и дел од КП бр.4026 ,дел од КП бр.1205/1, дел од КП бр.12 – КО ПЕХЧЕВО, Општина ПЕХЧЕВО 

                                                   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

    Барателот ГО ПЛАН ДОО Гостивар  до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Пехчево,  поднесе барање за одобрување на  ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктурни објекти со класа на намена Е1-8-Инфраструктура за пренос на електрична енергија -среднонапонски кабелски вод со столбна трафостаница – на дел од КП 2322- КО НЕГРЕВО и дел од КП бр.4026 ,дел од КП бр.1205/1, дел од КП бр.12 – КО ПЕХЧЕВО, Општина ПЕХЧЕВО.

    Со барањето ја приложи следната документација и докази:

    1. Предлог проектна програма
    2. Услови за планирање на просторот

     

    Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

     

    УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

    Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

    Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

     

                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                 Александар Китански

     

     

    Download (PDF, 991KB)

    Download (PDF, 10.82MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...