-0.7 C
Pehčevo

    Одобрување на  ПРОЕКТНА ПРОГРАМА

    Датум:

    БР. 09-1414/1
    од10.11.2022 година
    Пехчево

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктурни објекти со класа на намена Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктурни објекти со класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, кои се градат на земјиште – помали од 10 МW, на КП 1284, КП 1285, КП 1286, КП 1287 и КП 1288 – КО Пехчево, Општина Пехчево, со тех. бр. 14/22,  согласно законот од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Пехчево, со Решение за формирана бр.03-64/1 од 14.01.2022 година, а врз основа на член 62  став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

                                                     РЕШЕНИЕ

    Се, поднесена со барање број 11-1408/1 од 08.11.2022година, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктурни објекти со класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, кои се градат на земјиште – помали од 10 МW, на КП 1284, КП 1285, КП 1286, КП 1287 и КП 1288 – КО Пехчево, Општина Пехчево, со тех. бр. 14/22

                                                   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

    Барателот ГО ПЛАН ДОО Гостивар  до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Пехчево,  поднесе барање за одобрување на  ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктурни објекти со класа на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, кои се градат на земјиште – помали од 10 МW, на КП 1284, КП 1285, КП 1286, КП 1287 и КП 1288 – КО Пехчево, Општина Пехчево, со тех. бр. 14/22

    Со барањето ја приложи следната документација и докази:

    1. Предлог проектна програма
    2. Услови за планирање на просторот

     

    Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам  под бр.1408/2 од 09.11.2022, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

     

    УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

    Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

    Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

     

                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                   Александар Китански

     

    Download (PDF, 6.06MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...