0.3 C
Pehčevo

    Одлука за парцелите на плоштадот во Пехчево за време на Фестивалот на дувачки оркестри 2024

    Датум:

    сласлајВрз основа на член 36 став 1 точка 10, од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 05/2002) и член 30 став 1 точка 30 од Статутот на општина Пехчево (Сл.гласник на општина Пехчево бр.03/2021), Советот на општина Пехчево на седницата одржана на 27.06.2024 год. донесе:

    OДЛУКА
    за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2024

    Член 1
    За одржување на фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево, за период од два дена (12-ти и 13-ти јули 2024 година) за чествување на празникот Павловден, ќе се издава под закуп површината на плоштадот за поставување на урбана опрема (маси и столови).
    Член 2
    Доделувањето на парцелите ќе се дава по одредена фиксна цена определена со Одлука од страна на Советот на општината. Право на приоритет на добивање на локација ќе имаат сопствениците на угостителските објекти пред нивните локали. Доколку сопствениците на угостителските објекти пред кои има површина, која е предмет на продажба, не се согласуваат да го купат просторот, предност имаат други купувачи доколку ги има. Другите локации ќе се доделуваат по принципот на слободни локации со приоритет согласно времето на пријавување и плаќање на надоместокот.
    Изготвена е скица со распоред на парцелите со број и површина.
    Цените на парцелите се следните:
    – Парцела Кит – го со П=140 m2 по цена од 350 ден/m2 за ден
    – Парцела Лепак со П=120 m2 по цена од 250 ден/m2 за ден. Oваа парцела е пред Комерцијална Банка, па поради тоа влезот пред банкоматот не смее да биде затворен!
    – Парцела Меанче со П=150 m2 по цена од 250 ден/m2 за ден
    – Парцела бр.1 со П=120 m2 по цена од 100 ден/m2 за ден
    – Парцела бр.2 со П= 120 m2 по цена од 100 ден/m2 за ден
    – Парцела бр.3 со П= 120 m2 по цена од 100 ден/m2 за ден
    – Угостителите кои закупиле простор на плоштадот и во Централен регистар ги исполнуваат условите за служење на храна, ги следува до 10м2 простор за скара бесплатно. Со купени 2 парцели простор на плоштадот следуваат 20м2 простор за скара бесплатно.
    – Угостителите кои не закупиле простор на плоштадот, а сакаат да земат простор за скара треба да уплатат 8.000 (осум илјади денари) од ден, за простор за скара до 10м2.

    – Парцелите од бр.1 до бр.41 на паркинг плац по цена од 100 ден/m2 за ден
    – Ако некој е заинтересиран да го закупи целиот паркинг простор е должен уплатата да ја изврши заклучно до 05.07.2024 год (петок) по цена од 30 ден/m2 за ден.

    Член 3
    Се забранува пoставување на штандови на површини кои не се предвидени во графичкиот прилог, даден во прилог на оваа одлука.

    Член 4
    Уплатата на средствата се врши од страна на корисникот, на трезорска сметка на Буџет на општина Пехчево 100000000063095, уплатна сметка 840-154-03317, приходно конто 717135, програма 00.

    Член 5
    Органот е надлежен да издаде Одобрение за користење на просторот, по претходно доставен доказ за извршена уплата за површина определена во барањето на корисникот. Без претходен доказ за извршена уплата за користење на просторот НЕ се издава одобрение за користење.

    Член 6
    Се задолжува градоначалникот на општина Пехчево да ги овласти комуналните редари во општина Пехчево, овластениот инспектор за животна средина и комунални работи, и вработените во одделение за урбанизам комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР да извршат обележување на секоја од парцелите и да постапат согласно нивните надлежности.

    Член 7
    Градоначалникот на општина Пехчево и вработените во одделение за урбанизам комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР, немаат право да ги делат парцелите на други помали парцели, различно од оваа Одлука.

    Член 8
    Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен гласник на Општина Пехчево.

    08-698/1 Совет на општина Пехчево
    27.06.2024 Претседател
    Виолета Ѓорѓиевска с.р

    Download (PDF, 6.02MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...