0.3 C
Pehčevo

    Одбројуваме!!! Уште два дена до стартот на Фестивалот на трубите- Пехчево 2016!

    Датум:

    Фестивал логоОд среда 13 јули па се до 16 јули сабота, во Пехчево ќе ечи од трубите до доцна во ноќта. Спектакуларната манифестација, единствена во земјава која ја негува музиката од дувачките инструменти ќе ги донесе најдобрите трубачи од Македонија кои ќе се натпреваруваат за да ја освојат златната труба.

    Фестивалот во Пехчево започнува на 13 јули во 19 часот, со дефиле на мажоретките и дувачкиот оркестар од Ловеч, Р.Бугарија кои настапуваат во првата вечер, а ќе продолжи наредните 3 вечери кои ќе бидат исполнети со многу музика и забава до доцна во ноќта. На сцената поставена на градскиот плоштад во Пехчево, ќе се натрпреваруваат дувачки оркестри од Македонија. На 13 јули, денот Павловден, заштитникот на градот, на 30-тина штандови ќе биде изложена малешевската традиција преку Етно-саемот. Прогласувањето на победниците и натсвирувањето на финалистите е предвидено за во четврток.

    Освен дувачките оркестри, на сцената свои концерти ќе имаат : Саша Ковачевиќ, Бугарската Поп-фолк дива Рајна,  Миле Кузмановски, Џамбо Агушев, Бојан Ристич Brass Band, Уска – Кан, Силви Бенд, Група Табиет, културно- уметнички друштва од Македонија и Бугарија,како и ди-џеи од Македонија и Бугарија.

    Инаку, виртуозноста на трубачите ќе ја оценува жири-комисијата составена од професорот од Музичката академија, Васил Ристов, наставникот по музичко образование Александар Парасков и директорот на Домот на Културата, Страшо Андоновски. Наградите за најдобрите се златна труба, мини труба и тапан.

    Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, ги поканува сите љубители на добрата музика и забава да го посетат Пехчево истакнувајќи дека срцата на сите пехчевци чукаат во ритмот на музиката од трубите, музика која има долга традиција во Малешевијата. Според него, овој фестивал, кој станува традиционален и годинава го слави шестиот роденен, не само што ја негува традицијата и дава нова светлина на Малешевијата, туку фестивалот е одлична можност за промоција на регионот и, со вака спакуван културен настан, се нуди на туристите испишувајќи нова страница на прекрасното Пехчево и Малешевијата.

    На плоштадот се закупени штандови за скара и пиво од локални угостители и угостители од другите градови од Македонија, а Општина Пехчево обезбеди сместување на 150-ина гости од сите краеви на Македонија и соседстсвото.
    Пехчево, подготвено ги очекува сите добронамерници и љубители на трубата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...