-2.3 C
Pehčevo

    Од понеделник Информативен центар за превенција во Пехчево

    Датум:

                 По повод денешниот ден на полицијата, Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и Претседателот на Советот на општина Пехчево Стојче Стефановски ја посетија полициската станица во Берово и на полициските службеници им го честитаа денешниот ден.                                             Грб општина

    Од понеделник 14.12.2015 г. општина Пехчево ќе се приклучи кон реализација на проектот ,, Информативен центар за превенција “. Станува збор за проект изготвен од СВР Штип, отсек за превенција, а во Пехчево ќе биде имплементиран од Полициската станица од општа надлежност Берово – полициска канцеларија Пехчево во соработка со општината. Со овој проект ќе се овозможи координативно дејствување на полициските и службениците од општина Пехчево за решавање на проблеми на граѓаните.

    Општата цел на проектот е да се подобри безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност кај граѓаните и подобрена доверба кон полицијата.

    Со имплементација на овој проект е предвидено во просоријата за пријавување во зградата на локалната самоуправа секој понеделник од 08 до 15 часот да има полициски службеник. Така што граѓаните ќе комуницираат со полицискиот службеник. На средбата полицискиот службеник ќе овозможи секој граѓанин да го искаже своето мислење за безбедносните проблеми со кои се соочуваат, а ќе добијат и одговори за решавање на проблемите со кои се среќаваат во секојдневното живеење. Целта е да се зголеми безбедносната сигурност кај граѓаните, да се подобри комуникацијата меѓу полицијата и граѓаните и заеднички да се делува за решавање на одредени проблеми на граѓаните.

    Заедничката работа помеѓу полицијата, локалната власт и граѓаните за координација и соработка во изнаоѓањето на локални решенија за локални безбедносни проблеми представува основа за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

    Очекуваме граѓаните да го искористат присуството на полицискиот службеник, да побараат помош и навремено да се одговори на нивните барања.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...