12.6 C
Pehčevo

    Новогодишна забава во детската градинка „7 Септември“

    Датум:

    Новогодишна претстава1

    Во пресрет на новогодишните празници градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски  ја посети детската градинка 7 Септември и на најмладите наши сограѓани им посака безгрижно и весело детство и им подели новогодишни пакетчиња.

    Традиционално неколку дена пред Нова Година, новогодишни пакетчиња се делат во оваа институција во присуство на Дедо Мраз на радост на нашите најмали сограѓани. Новогодишните пакетчиња кои ги добија децата од градинка се обезбедени од локалната самоуправа.

    Новогодишна прослава4

    Оваа година беше организирано и куклена новогодишна претстава со навистина прекрасна кореографија и костимографија за која се погрижија вредните учителки и раководството на градинката, и секако играта на трудољубивите дечиња кои пленија со својата искреност. Присутните родители и гости, меѓу кои и градоначалникот Тренчовски и Претседателот на Советот, Николчо Јовчев, кој секогаш ги подржуваат активностите на најмладите, беа воодушевени од детската радост.

    Новогодишна претстава
    Весело и разиграно беше во текот на времетраењето на целата претстава на задоволство на сите присутни кои имаа можност да ја проследат истата.

    Децата се заблагодарија на подароците и ги искажаа сопствените желби за тоа што тие очекуваат да им донесе Дедо Мраз.

    Новогодишна претстава2
    Градоначалникот Драган Тренчовски не го криеше задоволството од фактот што неговата посета и подароците предизвикаа радост кај децата, на сите нив и нивните воспитувачки и негувателки им ја честиташе Новата година во која им посака да имаат многу здравје, среќа и успех во учењето и работата.
    Новогодишна претстава3

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...