Почитувани граѓани,
Ве информираме дека Општина Пехчево организира дочек на Новата година на градскиот плоштад Св. Петар и Павле во Пехчево. Забавата ќе започне во 22 часот, а ќе трае се до 01 часот, а на програмата е предвидено разновидна празнична музика.
Нивогодишната забава се очекува да ја збогатат угостителите кои ќе можат бесплатно да постават штандови со скара и пијалок.
Плоштадот ќе ечи од музика, а доаѓањето на Новата година ќе биде означена со голем огномет.
Бидете дел од забавата на отворено во најлудата ноќ во годината!!!