-0.5 C
Pehčevo

    „Новогодишна бајка“ во организација на Матична библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Датум:

    Новогодишна бајкаПо повод Нова Година во ресторант „Тропик“, Матична библиотека „Кочо Рацин“ организираше музичко, поетска, драмска вечер, наречена „Новогодишна бајка“. За музичкиот дел беше задолжен професорот по музичко образование м-р Драган Колевски.Од страна на библиотеката беше распишан и награден конкурс на тема: „Мојата новогодишна ноќ, моите желби и честитки“ за учениците од основното и средното образование.Во категоријата средношколци в.д. директорката Габриела Костадинова им додели дипломи и книги на следните ученици:
    – Марија Богдановска и Иван Јангелов го делеа I-то место
    – Љубица Тасевска и Елена Тодоровска го делеа II-то место
    – Бојана Костовска го освои III-то место.
    Во категоријата основци беа доделени дипломи и книги на следниве ученици:
    – Елена Павловска I место,
    – Јана Тодоровска II место
    – Бранкица Јовевска и Викторија Сасанска го делеа III место.

    Новогодишна бајка
    Програмата беше збогатена со драмски текстови од страна на учениците од II и V одделение под менторство на наставничките Јадранка Цветковска и Оливера Кратевска. Сценарист и водител беше в.д.директорката Габриела Костадинова.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...