Денес во духот на радоста и шегата во посета на локалната самоуправа и градоначалникот Поповски беа дечињата од трето одделение при ООУ ,, Ванчо Китанов “. Со песни, игри и многу шеги му го насмејаа лицето на градоначалникот.
Градоначалникот им се заблагодари на дечињата и учителката што не ја пропуштаат можноста да ја посетат општината во секоја прилика и им порача на дечињата да размислуваат само на убави работи, постојано да се весели и насмејани.
Во организација на детската градинка ,, 7 Септември ’’, најмладите ученици, со најразлични активности, го одбележаа денот на шегата во Пехчево.
Плоштадот беше преполн да ги собере сите заедно, дечињата, нивните баби, дедовци, мајки, татковци. Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.
На плоштадот во Пехчево се пееше, се свиреше, а најмногу од се се слушаше детската смеа. Експлозија од бои и костими, најмладите покажаа дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, буквално можеше да се види се и сешто. Најразлични маски ги криеја лицата на веселите деца кои маскирани во своите омилени ликови од приказните и цртаните ја развеселија и воодушевија публиката.
Беше видлива и среќата на лицата на секој родител, сите подеднакво среќни и возбудени, благодарение на детските ведри насмеани лица.
Традиционално, секоја година денот на шегата 1-ви Април Општина Пехчево го обележува заедно со најмладите граѓани.