-1.8 C
Pehčevo

    Наскоро оглас за доделување државно земјоделско земјиште за производство на сточна храна

    Датум:

    Владата наскоро, по барање на сточарите, ќе објави оглас за доделување државно земјоделско земјиште за производство на добиточна храна.

    Како што најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, огласот веќе се подготвува, првенствено ќе биде наменет за оние што поседуваат стока, а ќе опфати околу 1.000 хектари.

    Како што најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, огласот веќе се подготвува, првенствено ќе биде наменет за оние што поседуваат стока, а ќе опфати околу 1.000 хектари.
    Сопственото производство на добиточна храна ќе овозможи проширување на стадата и понизок импут при производство на млеко и млечни производи што ќе ги направи сточарите поконкуреннти, нагласи Костадиновски по вчерашната посета на селото Негрево, Пехчевско.
    Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски оцени дека претстојниот повик за доделување земјиште за добитона храна, ќе биде значаен, позитивен импулс особено ако се има предвид трендот на иселување во овој регион.
    – Особено е битно тоа што се дава стимул на помладите да се занимаваат со земјоделство. Општината во изминатите години бележи развој на сточарството кое во минатото беше намалено. Сега, со новите мерки на Владата, ќе се зголеми бројот на младите сточари што ќе резултира со економски бенефит, а и жителите ќе најдат егзистенција, посочи Поповски.
    Општина Пехчево претходните две години преку Програмата за рурален развој има добиено 24 милиони денари за инфраструктурни објекти.
    Реализиравме вкупно шест и буквално во сите села имаме направено по нешто. Во Пехчево локалитетот „Езерце“ е во завршна фаза, направени се улици во село Умена, Чифлик и тука во Негрево, резервоар во Панчерево, се прави улица од еден километар и во село Црник, како и пристапен пат до локалитетот „Света Петка“ во должина од околу 600 метри, информира градоначалникот.

    Како што најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, огласот веќе се подготвува, првенствено ќе биде наменет за оние што поседуваат стока, а ќе опфати околу 1.000 хектари.
    Селото Негрево е познато по одгледување овци. Дел од тамошните земјоделци освен што редовно ја користат директната државна поддршка, добиле средства и за набавка на механизација. Многу се задоволни, велат, зашто производството со новите трактори е полесно и поевтино.
    Оваа година купивме нов трактор. Благодарни сме на Министерството што ни излезе во пресрет да имаме нова механизација, да ги намалиме трошоците и воедно да го унапредиме производството. Одгледуваме матично стадо на праменка – овчеполка, регистрирани сме како репроцентар, имаме 244 грла и обработуваме околу 10 хектари површина, изјави Мануел Стефановски од „Агрочука“ – Пехчево.
    И младиот сточар Стево Стамболиски од Негрево кој има 22 години, е презадоволен од можноста да купи трактор.
    Обработувам околу четири до пет хектари и чувам десет крави. Од сумата за набавка на тракторот, државата ми покри 65 проценти или, конкретно, тракторот чинеше 14.000 евра, а јас платив 6.000-7.000 евра, нагласи Стамболиски и порача, младите да се вратат во селата зашто работа има за оној што навистина сака да работи.
    Васил Поповски чува 260 овци и исто така годинава набави нов трактор. – Новиот трактор значително ќе ни ја олесни обработката на земјиштето со што ќе обезбедиме храна за стоката. Благодарни сме што ресорното Министерство реализира вакви мерки кои придонесуваат за развој на земјоделството, истакна Поповски.
    Само лани, поволностите од мерката за поддршка на младите земјоделци ги искористиле вкупно 134 лица. За покривање на нивната инвестиција до 10.000 евра се обезбедени околу 1,3 милиони евра.
    Според заменик-министерот Костадиновски, со оглед дека интересот е огромен, се разгледуват дополнителните барања на младите земјоделци, како и евентуалната можност за повторна објава на оваа мерка годинава.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...