4.3 C
Pehčevo

    Наредната недела започнуваат градежните работи за изграба на улица во село Црник

    Датум:

    Улица Црник

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски и претставници од СД Транс – Делчево, вчера го потпишаа договорот за изградба на улица во село Црник. Станува збор за улица која води до главниот пат во селото, а ќе се гради и одводен канал на главната улица.

    Градоначалникот Тренчовски истакнува дека се исполнува ветување вметнато во неговата програма која е по барање на жителите на Црник, а се решава и долгогодишниот проблем со атмосфеската вода на главната улица.

    – Исполнуваме ветување, вметнато во програмата, а е по барање на жителите на с.Црник, како една од нивните главни потреби. Пред скоро една година ја изградивме и асфалтиравме главната улица, а веќе од наредната недела започнуваме и со градежните работи на оваа споредна улица, која е во должина од околу 100 метри, која со години им претставуваше проблем на жителите во селото. Заради специфичните услови на теренот и заштита на главната улица со бетонирање ќе се изгади и одводен канал, со што ќе го решиме и проблемот со атмосфеската вода на тој дел. Ние не застануваме овде, сè со цел да излеземе во пресрет на барањата на жителите на село Црник, рече Тренчовски.

    Улица Црник-

    Тој додава дека инвестицијата изнесува 761 076 денари, а парите се обезбедени од сопствен буџет на општината и Министерството за транспорт и врски (согласно одлука за распределба на средства од Буџетот на РСМ за поддршка и имплементација на Декадата и стратегијата на ромите).

    Инаку, градежните работи на улицата треба да започнат наредната недела, а се очекува да завршат за 90 дена.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...