6.7 C
Pehčevo

    Најдобрите млади техничари и природници од Македонија се натпреваруваа во Пехчево

    Датум:

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

    Во организација на Народна техника на Македонија, Сојуз на клубовите на младите техничари и природници на Македонија и Народна техника – Берово, а под покровителство на Општина Пехчево, односно првиот човек на општината, градоначалникот Игор Поповски во присуство од над 300 ученика, учесници на натпреварот и над 100 ментори и наставници на плоштадот во Пехчево имаше свечено отворање на натпреварите.

    Присутните ги поздравија Директорката на училиштето, домаќин, Лиљана Секуловска, Претседателот на сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија проф. д-р Христина Спасевска и Градоначалникот на општина Пехчево.

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

    Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Поповски изрази благодарност до организаторот на настанот и ги повика учениците да го покажат најдоброто во својата дисциплина, да продолжат со својата едукација и да се дружат на вакви натпревари и гo прогласи за отверен 51-от натпревар на млади техничари и природници.

    Потоа учениците кои што се натпреваруваа во 23 области заедно со нивните ментори се повлекоа во училишниот простор, каде што ова училиште дава идеални услови за одвивање на вакви или слични натпревари. Учениците се натпреваруваа во 23 дисциплини: агротехника, автоматика, астрономија, астронаутика, бродомоделарство, воздухопловно моделарство, градежништво и архитектура, екологија, електроника, конструкторство, метеорологија, кино и видео техника, компјутерска техника, применета биологија, применета географија, применета математика, применета физика, применета хемија, радио техника, ракетно моделарство, роботика, сообраќајно моделарство, фото техника.

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

    На овој натпревар, основците ги презентираа своите проекти пред оценувачки комисии, составени од наставници, универзитетски професори и соработници. Добиените дипломи за освоени места се вреднуваат кога се доделуваат државните стипендии. Натпреварите се поддржани од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Локалната самоуправа на општина Пехчево и Електрани на Македонија.

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

    Воопшто натпреварите од ваков вид се мошне интересни од причина што на лице место се гледа креативноста и умешноста на самите натпреварувачи, кои до републичкиот натпревар дојдоа преку голема селекција направена од преку 1 500 ученика. Се на се еден мошне интересен настан со кој во Пехчево дојдоа преку 500 лица и кои си заминаа со мошне убави впечатоци.

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

     

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

     

    Денес во ООУ „ Ванчо Китанов “ во Пехчево се одржа 51-от државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија за учениците од основните училишта.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...