-1.6 C
Pehčevo

    Музиката од трубите, Ве поканува на Гуча

    Датум:

    Четиричлена делегација од општина Пехчево беше во тридневна посета на Гуча.

    Ако сакате да бидете дел од балканскиот фестивал на трубите и да доживеете незаборавно искуство бодрејќи ги македонските претставници и победниците на пехчевскиот фетсивал на трубите, тогаш имате шанса.

    За првпат, Општина Пехчево во соработка со Андон-компани од Пехчево ви го овозможуваат тоа, со организиран превоз од Пехчево до Гуча, Република Србија.

    Тргнувањето за Гуча, од центарот на Пехчево, е на 6 август во 7 часот.

    Повратниот билет е со цена од 20 евра. Враќањето од Гуча е на 8 август во 13 часот. Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од оваа незаборавна забава да се јават на следниве телефони: 033/441-155 и моб. 071-266-763  директно во Андон Компани – Пехчево.

    Не дозволувајте да ви раскажуваат, сами дочекајте го изгрејсонцето на реномираниот балкански фестивал во Гуча.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...