18.1 C
Pehčevo

    Месецот на книгата одбележан во пехчевската градинка „7 Септември“

    Датум:

    Месецот на книгата одбележан во пехчевската градинка „7 Септември“

    Една од најважните функции на библиотеката е популаризацијата на книгата и читањето, развивање на свеста и навиките за читање. Вработените во матичната библиотека „Кочо Рацин“-Пехчево, заедно со градоначалникот Тренчовски, а во соработка со градинката денес ги посетија дечињата од најголемата група.

    Месецот на книгата одбележан во пехчевската градинка „7 Септември“

    Вработените во библиотеката на дечињата им одржа интерактивна настава во просториите на детската градинка “7 Септември“. Библиотекарката Габриела Костадинова им ја прочита прикаската “Портокали за секого“, а дечињата одговараа на прашањата поставени од страна на Костадинова. Целта и беше колку децата на таа возраст кои не знаат да читаат се во можност да ја перцепираат и меморираат содржината на приказната. Целта беше постигната,а активноста успешно спроведена.

    Месецот на книгата одбележан во пехчевската градинка „7 Септември“

    Како награда за нивниот труд директорката на библиотеката Јасмина Цековска им подари по една сликовница на сите деца.

    Децата пак не им останаа должни и на нив им приредија изненадување. За возврат на успешно спроведената активност од страна на библиотеката, учителката Розмарина Мицевска заедно со децата на сликовит начин направија сликовници и ги подарија на библиотеката “Кочо Рацин“ и на градоначалникот на Општина Пехчево Драган Тренчевски кој присуствуваше на денешната активност што ја организираше Матична библиотека “Кочо Рацин“.

    Месецот на книгата одбележан во пехчевската градинка „7 Септември“

    Градоначалникот Тренчовски за најмалите и повозрасните најави многу проекти во воспитно образовните установи.

    -Октомври е месец на книгата, кога се трудиме да го поттикнеме читањето. Месец на книгата е само еден од многуте проекти што го поттикнуваат и стимулираат читањето. Локалната самоуправа  не само кога е месец на книгата, туку преку многу проекти, ќе го промовираме читањето и моќта на книгата меѓу најмладите, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...