Македонскиот документарен филм „Медена земја“, претстојната сабота во 18 часот во кино салата при Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево граѓаните ќе имаат можност да го погледнат овогодинешен македонски кандидат за Оскар со досега освоени 20тина меѓународни награди и победник во три категории на престижниот филмски фестивал Санденс, годинешен македонски кандидат за „Оскар“, а е во трка и за најдобар документарец на Европските филмски награди.
Според правилото за баланс со природата „земи половина од медот, половина остави за пчелите“ се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената.
Познатата холивудска актерка Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм профил напиша дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“.
– „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!, напиша Паркер.
Освен во кино-салите во Македонија, филмот деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска. Режисери на „Медена земја“ се Љубо Стефанов и Тамара Котевска, сниматели Фејми Даут и Самир Љума, продуцент и монтажер е Атанас Георгиев, а музиката е на групата „Фолтин“. Протагонисти се Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам и Музафер Сам.