6.7 C
Pehčevo

    Пуштен во употреба локалниот пат Пехчево – Негрево

    Датум:

    Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски вчера го пуштија во употреба локалниот пат од спој со регионален пат Р-527 – село Негрево- Пехчево.

    Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски вчера го пуштија во употреба локалниот пат од спој со регионален пат Р-527 – село Негрево- Пехчево.

    Во должина од 1594 m и ширина од 3,5 m, завршена е целосната реконструкција на локалниот пат на потегот од регионалниот пат R 523 Пехчево – Делчево, кон селото Негрево.

    Извршено е проширување и поставена е нова асфалтна лента, која според проектираните параметри станува збор за поставување на асфалтен слој БНС 16-А во должина од 1594 метри, со ширина од 3,5 метри, изградба на банкини од двете страни на коловозот и канавки за прифаќање на атмосферските води.

    Вредноста на целокупниот проект изнесува 4.128.302 денари, а овие средства од страна на општина Пехчево се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во рамките на Проектот за рехабилитација и подобрување на локалните патишта. Изведувач е компанијата Алпине Бау.

    ,, Најдовме начин да го реконструираме, да го асфалтираме овој локален пат кој е од огромно значење на жителите на ова село, кои секојдневно го користат истиот во рамки на нивните дневни обврски и активности како и во однос на заживувањето на ова село кое во изминатиот период константно се соочува со намалување на популацијата. Се работи за една врска во должина од повеќе од 1 километар. За реконструкција на овие патишта се обезбедени средства преку фондовите на Европска банка за обнова и развој. Планираме да изградиме патишта и да инвестираме и во идниот период во сите села затоа што тоа многу го подобрува животот на мештаните, затоа што без патна инфраструктура им се отежнува комуникацијата како и реализацијата на планираните активности во градот “, истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...