18.1 C
Pehčevo

    Координаторот на турската агенција „ТИКА“ во посета на Пехчево

    Датум:

    Денес градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски, оствари официјална средба со Координаторот на програмската канцелерија на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Скопје, г-дин Ајтекин Ајден.

    Во кабинетот на градоначалникот се разговараше за можностите за соработка помеѓу Општина Пехчево и ТИКА, како и инвестиции и поддршка од страна на турската агенција за општината.

    ????????????????????????????????????

    Целта на посетата на координаторот Ајтекин беше доделување на ореови садници од сортата Џендлер донирана од страна на Претседателството на Турксата агенција за соработка и координација при Владата на Република Турција.

    Садниците ги подигнаа над 20 земјоделци од село Црник, кои претходно се пријавиле на огласот како потенцијални одгледувачи на ореви, а беа доделени над 1000 садници од сортата Џендлер која е позната по високиот приход и квалитетен плод.

    Тика1

    Програмскиот координатор на агенцијата „Тика“ за Република Македонија, Ајтекин Ајден изјави дека со оваа донација може да се придонесе за економскиот развој на земјоделците од оваа област.

    -Проектот го започнавме пред неколку дена од западна Македонија, а денес сме во село Црник да донираме ореови садници на повеќе фамилии. Наша цел е намалување на миграцијата од овие делови на Македонија. Сакаме да создадеме место каде што нашите сонародници ќе можат да продолжат да живеат и со тоа да придонесеме за економскиот развој на земјоделците од оваа област, што истовремено ќе овозможи и економски развој на општина Пехчево, но и на Македонија.

    Тика2

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, ја изрази својата благодарност до ТИКА и до Турција за реализација на проекти токму во село Црник и во Пехчево.

    – Би сакал да се заблагодарам на Координаторот на програмската канцелерија на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Скопје, г-дин Ајтекин Ајден за оваа донација и за соработката со нашата општина. Ова не е прв пат ТИКА да донирате во нашата општина, се надевам дека така и ќе продолжите и во иднина со реализација на поголеми проекти, истакна Тренчовски.

    Овој проектот што всушност сме и тука во Црник има за цел да обезбеди квалитетно и продуктивно производство на ореви врз основа на современите техники. Успешноста на проектот може да овозможи економски просперитет во општината и намалување на миграциите во селото. Нашето подрачје располага со идеални услови за одгледување на ореви, а земјоделците треба да ги почитуваат препораките за начинот на садење и одгледување, додава Тренчовски.

    Градоначалникот и Координаторот изразија отвореност за соработка помеѓу Агенцијата ТИКА и општина Пехчево и за реализација на проектот за регулирање на речното корито во село Црник и изградба на патот до турските гробишта.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...