Општина Пехчево во соработка со Младинскиот амбасадор за помирување на Земјите од регионот, дел од шестата генерација младински амбасадори со подршка на општина Кочани на ден 28.01.2015 година (среда) со почеток во 13:30 часот во Салата за состаноци на општина Пехчево организира Конференција за млади ,,Улогата на младите во процесот на помирување на Балкансите народи – Значењето на мирот и стабилноста во процесот на ЕУ интегрирањето на земјите во регионот,,.
По тој повод Ве покануваме да учествувате на Конференцијата и да го слушнете искуството на г-ѓица Ивана Вучкова, како и да учествувате со свои размислувања и ставови.
АГЕНДА
Конференција за млади
Улогата на младите во процесот на помирување на Балканските народи – Значењето на стабилноста во пеоцесот на ЕУ интегрирање на земјите од регионот
13:30 – 13:45 – Представување на учесниците
13:45 – 13:50 – Обраќање на Градоначалникот на општина Пехчево г-дин Игор Поповски
13:50 – 13:55 – Обраќање на Пратеничката при Собранието на Република Македонија г-ѓа Сузана Секуловска
14:00 – 14:15 – Регионална соработка и начин за подобрување на истата
14:15 – 14:30 – Како ние младите ќе помогнеме во процесот на помирување на Балканот
14:30 – 14:45 – Зошто е потребно поинаку да гледаме на историјата
14:45 – 15:00 – Слободата на медиумите и нивното значење во процесот на приклучување кон ЕУ
15:00 – 15:15 – Меѓукултурна комуникација
15:15 – 15:30 – Дискусија
15:30 – Гледање на филм: ,,Чија е оваа песна,,