12.6 C
Pehčevo

    Ќе го промениме изгледот на скоро секоја улица, секое маало, секое село. Прес конференција на Драган Тренчовски, градоначалник на општина Пехчево

    Датум:

    прессПочитувани сограѓани, жители на општина Пехчево

    Сега и официјално сакам да Ви се обратам од функцијата градоначалник на општина Пехчево. Целта е една и едноставна. Заедно со Вас граѓаните да работиме и да ја изградиме и уредуваме нашата општина, односно да реализираме реални проекти, а не да нудиме неразумни и неиздржани идеи.

    Мојот успех ќе биде успех и на моите сограѓани, а тоа ќе не води и до гарант за добрата заедничка иднина на Пехчево. Ќе ни биде тешко бидејќи не почнуваме од нула, туку почнуваме со задолжена и уништена општина. Но ви ветувам напорна работа и слободно можам да ви ветам дека во соработка со Владата на Република Македонија ќе се издигнеме во една европска општина со која ќе се гордееме сите, а најмногу ние граѓаните на Пехчево.

    Денес имаме високи критериуми и јасни принципи за работа кои заеднички со Вас ќе ги наметнавме и ќе докажеме дека за успех е потребна деноноќна работа.

    Ќе го промениме изгледот на скоро секоја улица, секое маало, секое село. Но, најбитното во ова е што идеите ни ги дававте Вие, граѓаните на општината. Во тоа е големината на мојот тим, кој што се раководи од неколку практики: искреност, креативност, упорност, чесност и транспарентност.

    Ова се дел од проектите кои ќе ги реализираме во наредниве четири години:

    1.Реконструкција на кејот на Пехчевска река;

    2.Обезбедување на паркинг простор во функција на стадионот;

    3.Регулација на дел од речното корито на Пехчевска река;

    4.Соодветна реконструкција на градскиот плоштад во Пехчево;

    5.Чиста и здрава вода за пиење во Пехчево и сите населени места;

    6.Реконструкција на патот до село Панчарево;

    7.Реконструкција на патот Чифлик-Умлена-Робово;

    8.Изградба на улици во сите населени места;

    9.Реконструкција на улицата од центарот до основното училиште во село Црник;

    10.Изградба на игралишта за тенис, фудбал и баскет во Пехчево и селските населби;

    11.Ќе интервенираме и реконструираме во образовните институции во општината;

    12.Ќе градиме паркови во општината;

    13.Ќе го реконструираме и детското игралиште до ООУ„Ванчо Китанов“

    14.Ќе ги асфалтираме и сите улици во градот Пехчево и многу други проекти.

    Почитувани сограѓани,

    Голем дел од овие како и останатите проекти од програмата се Ваши идеи, заеднички идеи за општина Пехчево!

    Уште еднаш Ви се заблагодарувам за соработката, за целокупната поддршка која ја имам од Вас почитувани сограѓани, што ми дава огромна одговорност, енергија, желба, сила и мудрост да го реализираме најдоброто за нашето Пехчево!

    Ќе работиме сите заедно за економски просперитетна општина и поубаво Пехчево! Заедно ќе бидеме најдоброто од регионот!

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...