4.3 C
Pehčevo

    Јавна дебата за влијанието врз животната средина на рудникот за бакар на пехчевска Кадиица

    Датум:

    Дали рудникот за бакар на пехчевска Кадиица ќе ја загадува животната средина? На оваа тема вчера во Пехчево се одржа првата јавна расправа на која присуствуваа познати експерти од областа на рударството и заштитата на животната средина, претставници од рудникот Бучим и фирмата Кадиица – метал, претставници од Министерството за животна средина, како и граѓани на Пехчево.

    Дали рудникот за бакар на пехчевска Кадиица ќе ја загадува животната средина?

    Дебатата ја отвори градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски, кој ја истакна целта на оваа прва дебата на која се разгледуваше стратегиската отцена на животната средина и ги претстави гостите.

    Ова е прва дебата на која се разгледуваше стратегиската отцена на животната средина, од аспект на идеја и планирање за опфатот за кој е добиена концесијата, истакна Менка Спировска од консултанската куќа Денкон – ема од Скопје.

    Граѓаните на Пехчево, но и познати експерти, на оваа прва фаза од расправата, го отворија прашањето како новата технологија подземно лужење на бакарот, ќе влијае на подземните води и на околината.

    Николајчо Николов, директор на Бучим и Алексеј Страхуњин управител на фирмата Кадиица – метал, истакна дека нема да може рудникот да започне со работа без да добие А – интегрирана еколошка дозвола, дека ќе биде превземени сите мерки, за да нема загадување на подземните води и на животната средина, а за отварање на рудникот кај Пехчево, руската фирма Солвеј ќе инвестира 35 милиони евра, а планирани се над 130 директни вработувања.

    ,, Мене посебно ме радува што во расправата се вклучи и локалното население кое го кажа своето мислење како тие го гледаат развојот во иднина и што мислат за постапката за отварање на рудник во Пехчево. Нашата заложба е на ваквите трибини да ги сослушаме дискусиите од сите учесници, без да влијаеме со било какви сугестии, за да во наредниот период направиме дополнителни анализи пред да се донесе конечната одлука ’’, истакна градоначалникот Игор Поповски.

    На дебата беа претставени и резултатите од досегашните истражувачки активности.

    Следната јавна дебата за влијанието на технолошкиот процес врз животната средина ќе се одржи за еден месец.

    Дали рудникот за бакар на пехчевска Кадиица ќе ја загадува животната средина?

    Дали рудникот за бакар на пехчевска Кадиица ќе ја загадува животната средина?

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...