-3.3 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ПОВИК – за пријавување заитересирани лица од Општина Пехчево, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач

    Датум:

    Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/02), а во врска со член 8-з став 1 алинеја 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14), a во согласност со Правилникот за постапката и Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и Сертификатот за авто-такси возач, Градоначалникот на Општина Пехчево го објавува следниот:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за пријавување заитересирани лица од Општина Пехчево, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач

    1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
    1.1.Предмет на јавниот повик е пријавување на заитересирани лица од Општина Пехчево, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач.
    1.2.Испитот го спроведува посебна Комисија за полагање на испит за авто-таски возач,формирана од Градоначалникот.с
    1.3.Испитот се врши од страна на посебен правен субјект кој ги исполнува законските услови за полагање на испит.
    1.4.Трошоците за полагање на испитот паѓаат на товар на кандидатот.
    2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
    2.1.Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица од Општина Пехчево, со поднесување на Пријава која содржи:
    -Име и презиме на кандидатот;
    -Датум,година и место на раѓање;
    -Адреса на живеалиште или престојувалиште;
    -Број на лична карта и матичен број.
    Пријавата може да се подигне на пријавницата во Општина Пехчево од 28.01.2015 година секој работен ден.
    2.2.Пријавените кандидати кон пријавата се должни да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од Општината за стручно оспособување на кандидатите.
    Информации за тоа кое правно лице кое е овластено од Општината за стручно оспособување на кандидатите, заинтересираните лица можат да добијат на телефонскиот број 033/441-321
    3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
    3.1.Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава до архивата во Општина Пехчево, најдоцна два дена пред денот на одржување на испитот.

    4.ИСПИТ
    4.1.Испитот се спроведува еднаш месечно.
    4.2.Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест.
    4.3.Испитот содржи испитни прашања од две тематски области и тоа:
    -безбедност на сообраќајот на патиштата и
    -превоз на патниците.
    По спроведувањето на испитот доколку возачот го положи испитит ќе му биде издадено посебно Уверение за положен испит, а во рок од 30 дена му се издава Сертификат за авто-таски возач.

    За сите заинтересирани кандидати, претставници од АСУЦ ,, Боро Петрушевски “ Скопје – во вторник 27.01.2015 година во 12 часот во Салата за состаноци при општина Пехчево, ќе одржи состанок, а со цел да се запознаат со новините во извршувањето на авто-такси дејноста и обврските за усогласување на работењето.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...