-2 C
Pehčevo

    Градоначалникот на општина Пехчево го продолжи рокот за пријавување на кандидати за младински локален совет

    Датум:

    Врз основа на член 12 – г од Статутот на Општина Пехчево (”Службен гласник на Општина Пехчево” бр.04/09), а во врска со Одлуката за формирање на Локален младински совет на Општина Пехчево (”Службен гласник на Општина Пехчево” бр.05/14), Градоначалникот на Општина Пехчево објавува

    Ј А В Е Н  П О В И К

    ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА
    ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
    НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    1. Се започнува постапка за избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Пехчево.

    Локалниот младински совет на Општина Пехчево е советодавно тело на Советот на Општина Пехчево, основан заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите на подрачјето на Општина Пехчево.

    Во Локалниот младински совет на Општина Пехчево можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на подрачјето на Општина Пехчево, со возраст од 15 до 30 години.

    2. Локалниот младински совет на Општина Пехчево брои 7 члена.

    Локалниот младински совет на Општина Пехчево од своите редови избира претседател и заменик претседател.

    Членовите на Локалниот младински совет на Општина Пехчево се бираат со мандат од четири години.

    3. Право на предлагање на кандидати за членови во Локалниот младински совет имаат: Невладини организации и Здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

    4. При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните образци кои се во прилог на овој јавен повик, и тоа :

    Образец СМ-1 – (Предлог кандидат за член на Локален младински совет на Општина Пехчево)

    Образец СМ-2 – (Согласност за прифакање на кандидатурата за член)

    Образец СМ-3 – (Согласност дека кандидатот за член на советот е предложен согласно актите на институцијата).

    Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

    5. Кандидатот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и:

    – Документација од која е видливо дека кандидатот ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените не постар од 6 месеци ),
    – Кратка биографија, и
    – Фотокопија од регистрација на здружението.

    Ненавремено доставените документи и нецелосната документација нема да се разгледуваат.

    6. Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Локален младински совет на Општина Пехчево е 5 (пет) работни дена вклучително со денот на објавувањето на овој јавен повик на web страната на Општина Пехчево.

    Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во Општина Пехчево или да се превземат во електронска форма на web страната на Општина Пехчево .

    Предлозите за кандидати за членови на Локален младински совет на Општина Пехчево се доставуваат лично во писарницата на општината, во ”затворено плико А4 формат”, со назнака ”Предлог кандидат за избор на членови на Локален младински совет на Општина Пехчево”, на следната адреса: Општина Пехчево – Пехчево, ул. ”Борис Кидрич” бр.8.

    Образци кои се во прилог на овој јавен повик:

    Slika   Образец СМ-1 – (Предлог кандидат за член на Локален младински совет на Општина Пехчево)

     

    Slika  Образец СМ-2 – (Согласност за прифакање на кандидатурата за член)

     

    Slika  Образец СМ-3 – (Согласност дека кандидатот за член на советот е предложен согласно актите на институцијата).

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...