Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), член 12-а од Статутот на Општина Пехчево („Службен гласник на Општина Пехчево’ бр.06/2016 – Пречистен текст и бр.05/2019) Општина Пехчево распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Пехчево
Општина Пехчево распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Пехчево.
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да го формира Иницијативниот одбор за конституирање Локално собрание за млади на Општина Пехчево.
Иницијативниот одбор е составен од 5 члена.
Мандатот на членовите на Иницијативниот одбор трае до одржување на конститутивното Локално собрание на млади.
Општина Пехчево ја спроведува постапката за избор на членови на Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание за млади на Општина Пехчево.