-0.6 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2018 год

    Датум:

    Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија  за  Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на  Агенцијата за вработување на Република Македонија, односно учеството на општина Пехчево во ОП за 2018, Мерка 4.2 – Јавни работи, општина Пехчево на  ден 05.06.2018(вторник) објавува:

     

    ЈАВЕН ПОВИК

    до невработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2018 год.

    Општина Пехчево има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации  од територијата на општина Пехчево кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти  од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на АВРМ, Биро за вработување, Канцеларија Пехчево и да пополнат соодветна Пријава за учество.

    Јавниот оглас трае 5 (пет) работни денови од денот на објавувањето односно заклучно со 11.06.2018 год. (понеделник)

    Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на општина Пехчево со претставници од општинската администрација, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и АВРМ, Биро за вработување.

    Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО за невработени лица во мерката Јавни работи и ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ.

    За спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на Јавни работи  предвидена е финансиска поддршка во износ од 400 денари по ангажирано лице, дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

    Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Пехчево за период најмногу до 22 (дваесет и два) дена.

    Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Пехчево и селектираните невработените лица.

    На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    Заинтересираните невработени лица можат да поднесат соодветни Пријави во просториите на АВРМ, Биро за вработување, Канцеларија Пехчево, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

    Детални информации за Оперативниот план за активни програми и мерки  за вработување  и услуги на пазарот на трудот и мерката Јавни работи можат да се добијат на веб страната на општина Пехчево www.pehcevo.gov.mk, Агенцијата за вработување на РМ www.avrm.gov.mk и веб страната на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk или во просториите на општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој и во Работниот клуб на Центарот за вработување, односно во просториите на АВРМ, Канцеларија Пехчево.

    Контакт:

    Општина Пехчево – Љупчо Каракашовски, контакт телефон 033 441 321 лок. 14 и

    АВРМ, Биро за вработување – Љупчо Димитровски, контакт телефон 033 471 153

     

    ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

                                         Градоначалник

                                          Драган Тренчовски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...