10.9 C
Pehčevo

    Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа – СДЦ Компонента

    Датум:

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:

     

    Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

    до

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа – СДЦ Компонента

    Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“, проект  “За инклузивна општина Пехчево2020 – 2021 СДЦ”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

    • 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
    • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и

    заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија Пехчево.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

    • 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
    • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
    • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

    статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

    За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

    • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
    • млади лица до 29 години
    • лица постари од 50 години
    • лица корисници на гарантирана минимална помош
    • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
    • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
    • жртви на семејно насилство
    • лица со попреченост
    • жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници
    • лица припадници на ромската етничка заедница
    • лица на кои им е решен статусот со лична документација
    • самохрани родители
    • родители на деца со пречки во развојот
    • родители на 3 и повеќе деца
    • родители на деца на улица
    • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
    • бездомни лица
    • поранешни корисници на дрога
    • лица со незавршено средно или пониско образование

     

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

     

    1. АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ во с.Црник ССС или основно образование Поддршка и помош во домот на на возрасни, стари лица и др. лица со намалена функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби  (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки во домот, плаќање на сметки)

    Обука за помош на стари лица

     

    2. АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ во с.Црник ССС или основно образование Поддршка и помош во домот на на возрасни, стари лица и др. лица со намалена функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби  (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки во домот, плаќање на сметки)

    Обука за помош на стари лица

     

    3. АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ во с.Црник ССС или основно образование Поддршка и помош во домот на на возрасни, стари лица и др. лица со намалена функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби  (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки во домот, плаќање на сметки)

    Обука за помош на стари лица

     

    Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија Пехчево во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во:

    • општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ Тел: 033 441 321,
    • Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Љупчо Димитровски и
    • Центар за социјална работа Берово, Канцеларија за м,атеријални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска

    Пехчево. 20.08.2020 год.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...