7.1 C
Pehčevo

    Јавен оглас – до ,,крајни корисници,, за користење на услугите од проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” и “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ”

    Датум:

    grb

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации и општина Пехчево во насока на спроведување на активности од страна на Општина Пехчево во рамки на проектот Креирање можности за работа за сите – IV и спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година и Програмата Општинско – корисна работа, општина Пехчево на ден 15.09.2020 година објавува:

     

    Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

    до

    ,,крајни корисници,, за користење на услугите од проектот

    “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021и

     “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ

    во рамки на  

    Програмата Општинско – корисна работа

    1. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од општина Пехчево од следните категории – крајни корисници:
    • лица со намален функционален капацитет во остварување на секојдневните потреби
    • стари, осамени и изнемоштени лица,
    • хронично болни лица и,
    • др. лица во социјален ризик.

    кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата Општинско-корисна работа,

    –   проект “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно

    • за проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ за крајни корисници од с.Црник,

    како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга – помош во домот за лица со намален функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби преку организирана посета од страна на обучени лица – Асистенти за помош во домот да поднесат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО.

    1. Работните активности кои се предвидени со проектите “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ” за крајни корисници од с.Црник, предвидуваат социјална заштита и вклученост на старите/изнемоштени и др. категории на лица-крајни корисници и поддршка на нивните секојдневни активности во насока на подобрување на нивната здравствена и хигиенска состојба.

    Истите предвидуваат но не ограничуваат:

    • набавка на храна и др. потреби за домаќинството;
    • набавка на лекови на дневна основа и консултации со матичен доктор;
    • плаќање на сметки;
    • ситни поправки и работи во домот на корисникот
    1. Крајните корисници (или во нивно име друго лице), Пријави за учество во проект “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно за проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ” за крајни корисници од с.Црник, можат да поднесат во Општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој (кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 30.09.2020 година.
    1. Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи, Канцеларија за материјални давања Пехчево.
    1. Проектот проект “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021” за крајни корисници од населените места Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена, односно за проектот “За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021 СДЦ” за крајни корисници од с.Црник, ќе се имплементира  во општина Пехчево со времетраење од 6 месеци.

    Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 лок. 14 и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk, односно во МЦСР Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска.

    За повеќе информациии околу Програмата Општинско-корисна работа може да се обратите во Општина Пехчево, Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа или на следните веб страни:

    www.pehcevo.gov.mk

    www.mtsp.gov.mk

    www.samovrabotuvanje.mk

    www.avrm.gov.mk

     

    Општинска Комисија за спроведување

    на Програмата Општинско-корисна работа во

    општина Пехчево

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...