-0.7 C
Pehčevo

    Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    Грб на општина Пехчево

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, општина Пехчево и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 08.08.2016 година објавуваат:

     Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

    до

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа

     

    Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект   Зајакнување на поддршката на ОЈУДГ “7- ми Септември” Пехчево за згрижување и воспитание на деца од претшколска возраст во неселените места Пехчево, с.Умлена и с.Чифлик  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – подрачна канцеларија на АВРМ во Пехчево.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

     млади лица до 29 години со ниски квалификации

      жртви на семејно насилство

    деца без родители и родителска грижа

    бездомни лица

    поранешни корисници на дрога

    родители на деца на улица

    самохрани родители

     

     Роми

    осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

    невработени лица евидентирани во АВРМ

    најмалку 1 година

    млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

    родители на деца со пречки во развојот

    родители на 3 и повеќе деца

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

    1. Помошник-Неговател за згрижување на деца до 6 години од с.Умлен
    1. Помошник-Неговател за згрижување на деца до 6 години од с.Чифлик
    1. Помошник-Неговател за згрижување на деца до 6 години од с.Чифлик
    1. Технички персонал во с.Чифлик
    1. Помошник-кувар во Пехчево и
    1. Технички персонал во Пехчево

     Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување – подрачна канцеларија на АВРМ во Пехчево во периодот од 08.08.2016 година до 19.08.2016 година.

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во:

    • Општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски – Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,
    • Агенција за вработување – подрачна канцеларија на АВРМ во Пехчево кај лицето Слободан Мицевски,
    • Центар за социјална работа, подрачна канцеларија на МТСП во Пехчево кај лицето Зоран Златковски.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...