11.5 C
Pehčevo

    Извршена е целосна реконструкција на внатрешноста на ООУ.„Ванчо Китанов“ и подрачните училишта во Општина Пехчево

    Датум:

    Денес градоначалникот Драган Тренчовски го посети ООУ.„Ванчо Китанов“ каде изминатиот период се вршеше подобрување на училишната инфраструктура, односно се изврши реконструкција на внатрешноста на централното училиште во Пехчево, а се работеше и во подрачните училишта во сите селски населби во општината.

    Школа реконструкција

    Градоначалникот Тренчовски информира дека Општина Пехчево континуирано инвестира во подобрување на условите во училиштата во општината.

    Општина Пехчево во континуитет  инвестира во подобрување на условите во основните и средното училиште. Целта е да им се овозможи на учениците но и наставниот кадар максимални услови за непречено одвивање и следење на наставниот процес. Со завршувањето на реконструкцијата, централното училиште доби комплетно нов лик со што учениците во ова основно училиште во Пехчево, наставата ќе ја следат во целосно реновирана училишна зграда, информира градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски.

    Школа реконструкција2

    Во минатиот период се вршеше и  реконструкцијата на подрачните училишта во с.Црник,с.Робово,с.Умлена, со средтва од Буџетот на општината и со сопствени средства од училиштето. Сакам да напоменам дека нема да застанеме со инвестирањето за да ги подобриме условите на сите ученици во нашата општина, додава Тренчовски.

    Школа реконструкција1 Школа реконструкција3 Школа реконструкција4

    Инаку, се вршеше реконструкција скоро на сите позиции во основните училишта во општината и тоа:

    -Белење на сите училници,кабинети,канцеларии,реновирање на вецињата и замена на 18 стари со нови чучавци, реновирање на тротоарите околу школото, нови рафтови во училишната библиотеката, нови шкафови за наставниците по училниците и канцелариите, направен е дневен престој за учениците од I-V одд., теписони, гумени коцки, рафтови, наместени се нови веницијанки на прозорите, патека и ограда за инвалидни лица, маса за пинг – понг, 3 зелени табли и музички инструменти во ПУ с.Црник, целосно сменет кров, олуци, направена е настрешница на скалите и патека во ПУ с.Умлена, нов копир, скенер и печатач во ПУ с.Црник, набавени се нови книги и лектири за библиотеката, направен е нов летниковец во дворот во централното училиште за часови на отворено, 7 интерактивни табли во централното училиште, а заменети се и таблите во подрачните училишта, реновирани се 5 училници и ходникот во ПУ с.Црник (спуштање на плафони, глетување  на ѕидови во сите училници и ходник, ламинат на ѕидови), нова инсталација за струја, и поставање на неонки во училниците во ПУ с.Црник, комплетно е заменета електричната инсталација во ПУ с.Умлена, поставен е ѕиден ламинат во ходници на три спрата во централното училиште, белење (варосување) на сите ходници во централното училиште, комплетна замена на 18 врати на училниците со нови во централното училиште, направени се противпожарни скали, поставени се фотоволтаични панели на кровот на училиштето и на спортската сала, набавка на три печки на тврдо гориво-дрва во ПУ с.Робово, оградување на училишниот двор во должина од 100 м во ПУ. с.Робово, набавен е рачен виљушкар во спортската сала, 20 нови клупи и 40 столчиња во три училници.

    Директорката Добрилка Јовевска со ентузијазам најави дека интензитетот и активностите нема да бидат намалени.

    -Продолжуваме со активностите и понатаму, се надевам дека во наредниот период ќе реализираме уште многу  проекти кои директно ќе влијае на подобрувањето на постигнувањата на учениците, потенцира Јовевска.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...