-2.6 C
Pehčevo

    Известување до потенцијални инвеститори заинтересирани за купување на недвижна ствар – објект, сопственост на Република Македонија со намена за изградба на Регионален дом за стари лица во Пехчево

    Датум:

    Почитувани,

    Општина Пехчево објавува известување кое има за цел да ги запознае потенцијалните инвеститори кои би пројавиле интерес да инвестираат во изградба на објект со намена за регионален дом за сместување на стари лица во Пехчево.

    Објектот за кој заинтересираните инвеститори можат да пројават интерес е во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, запишан во Имотен лист бр. 2793 Катастарска Општина Пехчево, означен како:
    -КП.1132 дел 0, ул„Индустриска ” бр.2, зграда бр.1. Б2, влез 1, кат -ПР, намена ДП, со површина од 293 м2;
    -КП.1132 дел 0, ул„Индустриска ” бр.2, зграда бр.1. Б2, влез 1, кат -СУ, намена ДП, со површина од 142 м2.

    Продажбата на објектот ќе се изврши согласно Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/05, 150/07, 35/11 , 166/12 и 137/13).

    Интерес може да пријават сите деловно способни домашни и странски физички и правни лица. Заинтересираниот инвеститор кој би имал најповолна понуда е должен објектот да го намени за регионален дом за стари лица, и истиот е должен регионалниот дом за стари лица да го реновира и да го пушти во употреба.


    Пријавите за интерес можат да бидат доставени по електронска пошта на следнава адреса: gradonacalnik_pehcevo@yahoo.com; opstina_pehcevo@t-home.mk или по пошта на следнава адреса:
    Општина Пехчево, бул. Борис Кидрич  бр.8, 2326Пехчево, Република Македонија, со назнака: за интерес на недвижна ствар – објект запишан во Имотен лист бр. 2793 Катастарска Општина Пехчево.

    За дополнителни информации може да се обратите до Ефтим Андоновски, тел. за контакт 033/441-321.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...