-2 C
Pehčevo

    Известување во врска со кучињата скитници на територија на Општина Пехчево

    Датум:

    Кучиња - известување,Општина Пехчево се соочува со сé поизразениот проблем со бездомните кучиња, односно нерегистрираните  и регистрираните кучиња  кои слободно шетаат по улиците на градот и претставуваат опасност по животот и здравјето на населението.  Со цел, разрешување на проблемот  поради зголеменото присуство на бездомните кучиња, односно нерегистрираните  и регистрираните кучиња  на  територијата на  општината,  од страна на Локалната самоуправа  превземени  се законски мерки  и активности предвидедени во Планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња  на територијата на општина Пехчево (2019 – 2021 година)   и Одлуката за комунален  ред  на општина Пехчево,.

    Заловувањето на бездомните кучиња, односно нерегистрираните кучиња и регистрираните кучиња ќе се врши од страна на квалификувани лица на избраната фирма за заловување на кучиња – АД Ветеринарно сточарски центар ТОДОР ВЕЛКОВ од Куманово, со хуман третман кој подразбира згрижување и заштита на животните, со што ќе се подобри  безбедноста и здравјето на граѓаните на општината.  Во наредните денови  ќе се отпочне со заловување на сите кучиња што ќе се затекнат на јавни површини.

    Независно од фирмата што е ангажирана за заловување на кучињата, ќе се отпочне со активности и  превземање на мерки  од страна на комуналните редари  и секое куче што ќе се забележи слободно без сопственик и врзано со каиш да шета  по  улици, на јавни и сообраќајни  површини во општина Пехчево, ќе биде сликано и во соработка со ветеринарната станица и полициската канцеларија во Пехчево, ќе се изврши  идентификација, проверка  дали е регистрирано, вакцинирано, третирано како што  е законски пропишано и соодветно на тоа, ќе се применат пропишаните законски мерки.

    Трошоците за заловување и третман на регистрираните  и нерегистрираните  кучиња се на товар на сопствениците на кучињата, а во случај на бездомни кучиња  товарот паѓа на Општина Пехчево.

    Согласно  Одлуката за комунален ред на општина Пехчево, сопствениците на кучиња се должни своите кучиња да ги држат во сопствените дворни  места. Кучето може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзано со каиш. Сопственикот на кучињата е должен сместувањето и чувањето на кучињата да го уреди на начин што нема да пречи на мирот и спокојството на соседите  и на видно место (на влезот во дворот) да постави табла за известување дека сопственикот чува  куче.

    Доколку сопствениците не постапуваат согласно Одлуката за комунален ред на општина Пехчево и другите закони, ќе следуваат соодветни законски казни.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...