0.7 C
Pehčevo

    Известување во врска со кучињата скитници на територија на Општина Пехчево

    Датум:

    Kucinja Izvestuvanje 03-434.1-page-001Општина Пехчево се соочува со се поизразениот проблем со кучињата скитници кои претставуваат опасност за населението и даваат лоша слика за градот и населените места. Врз основа на Одлуката за комунален ред на општина Пехчево број 07-1717/1 од 22.10.2013, член 159, Општина Пехчево е надлежна за собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња доколку се затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти-прифатилишта. Со цел за разрешување на проблемот со кучињата скитници во општина Пехчево, превземени  се одредени активности од страна на Локалната самоуправа, потпишан е договор и ангажирана е фирма за заловување  на кучињата.

    Заловувањето на бездомните кучиња ќе се врши од страна на квалификувани лица на избраната фирма за заловување  на кучиња –  АД Ветеринарно сточарски центар ТОДОР ВЕЛКОВ од Куманово, на начин на кој нема да предизвика непотребна болка или страдање.

    Независно од фирмата што е  ангажирана за заловување на кучињата, се почнува со редовна контрола на јавните и сообраќајни површини во општина Пехчево од страна на комуналните редари и секое куче што ќе се забележи на улица, слободно без сопственик да шета ќе биде сликано и во соработка со ветеринарната станица во општина Пехчево ќе биде идентификувано и проверено дали е регистрирано, вакцинирано, третирано како што  е законски пропишано.

    Трошоците за заловување и третман на регистрираните и нерегистрираните кучиња се на товар на сопствениците на кучињата, а во случај на бездомни кучиња  товарот паѓа на Општина Пехчево.

    Согласно  Одлуката за комунален ред на општина Пехчево, сопствениците на кучиња се должни своите кучиња да ги држат во сопствените дворни  места. Кучето може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзано со каиш.  Сопственикот на кучињата е должен сместувањето и чувањето на кучињата да го уреди на начин што нема да пречи на мирот и спокојството на соседите  и на видно место (на влезот во дворот) да постави табла за известување дека сопственикот чува  куче.

    Доколку сопствениците  не постапуваат согласно Одлуката за комунален ред на општина Пехчево и другите закони, ќе следуваат соодветни законски казни.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...