1.7 C
Pehčevo

    ИЗВЕСТУВАЊЕ – Социјални услуги во општина Пехчево Компонента: Креативен центар за стекнување на вештини – продолжен престој за деца од ООУ “Ванчо Китанов” Пехчево

    Датум:

    Почитувани родители,

    Ве информираме дека општина Пехчево во партнерство со ООУ “Ванчо Китанов” Пехчево, како резултат на јасно искажаниот интерес од страна на родителите минатата учебна година во врска со потребата од организирање на форма за згрижување на децата по завршувањето на училишните часови (продолжен престој), врши проценка на потребите за непречено отпочнување на активноста за организирано прифаќање и работа со деца.

    Услугата за продолжен престој во новата учебна 2019 – 2020 година е во фокусот на Локалната самоуправа како можност за унапредување на грижата за децата од школска возраст и подразбира организиран престој во училиштето, дополнителна воспитно-образовна работа и прехрана (ручек и/или ужина).

    Идејата за организирање на ваквиот вид  на настава произлегува од детектирана потреба, односно:

    • родителите кои се на работа (најчесто до 15:00 или 16:00 часот) имаат проблеми околу обезбедувањето кој ќе го земе детето по завршувањето на школските часови од училиште (најчесто во периодот после 11:30 часот) и понатаму ќе се грижи и работи со него до враќањето на родителите од работа;
    • децата кои користат организиран превоз од и до селските населби, секојденевно имаат простор-време до враќањето во своите домови;
    • немањето време кај родителите или др. членови на семејството за постојана работа со децата, пишување на домашните задачи и совладување на градивото од наставата на дневна основа.

    Продолжениот престој ќе биде спроведен во рамки на Центарот за стекнување на вештини (продолжен престој) при ООУ “Ванчо Китанов” Пехчево и подразбира работа со деца во две возрасни групи, односно ГРУПА 1: I – III одд. и ГРУПА 2: IV – V одд. во периодот од  11:30 – 16:00 часот, секој работен ден , односно во зависност од искажаниот интерес од страна на родителите.

    Заинтересираните родители за услугата на продолжениот престој, се повикуваат да се информираат за условите на организацијата на истиот, односно се информираат дека во периодот од 03 – 06 Септември 2019 год. се врши упис на деца – корисници на услугите на Центарот за стекнување на вештини (продолжен престој) во контекст на успешно планирање и обезбедување на услови за непречена работа.

     

    Лице за контакт:

    Љупчо Каракашовски, Советник за локален економски развој

    Канцеларија за ЛЕР

    Општина Пехчево

    033 44 321 лок. 14, 075 467 513

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...