Со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот до услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе се реализира активноста Отворени денови со Агенцијата за вработување. Директорот Влатко Поповски, заменикот на директорот Абдусамд Шабани и тимови од централната служба на Агенцијата за вработување, ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања од дејноста на Агенцијата.
Средбата ќе се реализира во салата за состаноци на општина Пехчево, на ден 11.02.2014 година (вторник), со почеток во 11.часот.