-2.6 C
Pehčevo

    Известување до потенцијални инвеститори заинтересирани за купување на недвижна ствар – објект, сопственост на Република Македонија со намена за изградба на Регионален дом за стари лица во Пехчево

    Датум:

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите Нации и општина Пехчево, оперативниот план за активните мерки на пазарот на труд за 2013 година на Владата на Р.Македонија, односно во рамки на проектот Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП) - Промовирање на одржливи вработувања 2 и програмата и Програмата за општинско-корисна работа, општина Пехчево на ден 22.10.2013 година објавува Грб општина

    Почитувани,

    Министерството за труд и социјална политика објавува известување кое има за цел да ги запознае потенцијалните инвеститори кои би пројавиле интерес да инвестираат во изградба на објект со намена за регионален дом за сместување на стари лица во Пехчево, со што се остварува Проектот за отворање на пет регионални домови за сместување на стари лица во Република Македонија.

    Објектот за кој заинтересираните инвеститори можат да пројават интерес е запишан во Имотен лист бр. 2793 Катастарска Општина Пехчево, означен како:
    -КП.1132 дел 0, ул„Индустриска ” бр.2, зграда бр.1. Б2, влез 1, кат -ПР, намена ДП, со површина од 293 м2;
    -КП.1132 дел 0, ул„Индустриска ” бр.2, зграда бр.1. Б2, влез 1, кат -СУ, намена ДП, со површина од 142 м2.

    Продажбата на објектот ќе се изврши согласно Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/05, 150/07, 35/11 , 166/12 и 137/13), по пат на јавно наддавање со почетна цена утврдена согласно проценката на Бирото за судски вештачења во износ од 32 914 евра или изразено во противредност во денари 2.024.224,16 денари.
    Услови за учество на јавното наддавање:
    Заинтересираните инвеститори потребно е да уплатат паричен депозит за учество на јавното наддавање кој изнесува 20% од почетната цена на недвижната ствар – објект, со уплата на депозитната сметка на Министерството за труд и социјална политика. Рокот за плаќање на депозитот е најдоцна три дена пред денот на одржување на јавното наддавање. Единствен критериум за склучување на договорот за купопродажба е највисоката понудена цена од учесниците кои ги исполнуваат условите за учество во јавното наддавање за недвижната ствар-објект што е наведен во јавниот оглас;

    Право на учество на јавното наддавање имаат сите деловно способни домашни и странски физички и правни лица. Заинтересираниот инвеститор кој би имал најповолна понуда е должен објектот да го намени за регионален дом за стари лица, и истиот е должен регионалниот дом за стари лица да го реновира и да го пушти во употреба во рок од 24 месеци сметано од денот на примопредавање на објектот. Начинот на плаќање на купопродажната цена е во готово, во рок од 30 дена од денот на склучување на договорот за купопродажба.
    Пријавите за интерес можат да бидат доставени по електронска пошта на следнава адреса: dtomsik@mtsp.gov.mk или по пошта на следнава адреса: Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје, Република Македонија, со назнака: за купување на недвижна ствар – објект запишан во Имотен лист бр. 2793 Катастарска Општина Пехчево.
    Пријавите за интерес да се достават најдоцна до 19.11.2013 година.
    За дополнителни информации може да се обратите до Душан Томшиќ, тел. за контакт 02/3106-651.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...