-2.5 C
Pehčevo

    Изградбата на ТИРЗ Берово ќе донесе инвестиции и нови работни места

    Датум:

    Почна изградбата на ТИРЗ во Берово на површина од 17 хектари. Во првата фаза од реализацијата Владата ќе вложи околу половина милион евра со кои ќе се гради внатрешната инфраструктура.

    Почна изградбата на ТИРЗ во Берово на површина од 17 хектари. Во првата фаза од реализацијата Владата ќе вложи околу половина милион евра со кои ќе се гради внатрешната инфраструктура.

     На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за економија Беким Незири, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, градоначалникот на Берово Драги Наџински и градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски. Зоната, според премиерот Груевски, ќе има посебно значење за Берово.

    Почна изградбата на ТИРЗ во Берово на површина од 17 хектари. Во првата фаза од реализацијата Владата ќе вложи околу половина милион евра со кои ќе се гради внатрешната инфраструктура.

    – Сите знаеме дека најголемата болка на овој крај, но и на други региони низ државата е невработеноста. Тука во Берово ја имате природата, ги имате чистиот воздух, прекрасни шуми, плодната земја, вредните луѓе. Развиено е земјоделството, шумарството, поледелството, а до некаде и туризмот, но она што недостасува се инвестициите и отворањето на нови работни  места кои ќе го заживеат овој регион, забележа премиерот.

    Знаејќи го овој проблем, нагласи тој, Владата активно работи да обезбеди што повеќе инвестиции како во Берово така и во цела држава.

    Претседателот на Владата изрази уверување дека интересот за инвестирање во ТИРЗ Берово ќе биде поголем поради огромниот природен потенцијал на регионот надополнет со одличната местоположба на зоната.

    – Ставајќи камен-темелчник на оваа ТИРЗ не може, а да не се присетиме на беровските фабрики кои функционираа во минатото, а згаснаа за време на транзицијата. Гаснењето на фирмите зададе голем удар на вработеноста во Берово и ние таквото минато не можеме да го промениме, но затоа пак можеме да дадеме се од себе и иднината да биде подобра и за неколку години отсега да можеме да наброиме повеќе нови фабрики во новата ТИРЗ, додаде Груевски.

    Потсети дека цел владин тим работи на привлекување странски инвестиции и оти овие години Македонија поставува рекорди во привлекување странски инвестиции.

    – Голем дел од компаниите се исклучиво задоволи од работата во Македонија. Дел од нив се решија да отворат и втора фабрика во земјава. Таквото задоволство се слуша надалеку и ни носи нови заинтересирани инвеститори. Верувам дека после изградбата на зоната дел од нив ќе се решат токму тука да го прошират своето производство и да изградат нови фабрики, истакна Груевски.

    Со изградбата на ТИРЗ Берово, според директорот Мизо, ќе се подобри развојната стратегија на регионот за привлекување странски домашни инвеститори.

    – Зоната ќе претставува индустриски комплекс во кој со влез на нови инвестиции ќе се овозможи креирање нови работни места, развој и примена на нови технологии, зголемување на конкурентноста во меѓународната трговска размена и ќе има удел во забрзувањето на растот и развојот на економијата воопшто, рече Мизо.

    Сообраќајното поврзување со основната патна мрежа, појасни, се предвидува да се изведе со изградба на кружен тек со кој ќе се овозможи едноставно и безбедно исклучување и приклучување на сообраќајните токови од и во регионалниот пат.

    За Дирекцијата на ТИРЗ, нагласи Мизо, особено се значајни податоците на ДЗС за растот на бројот на вработени во преработувачката индустрија кој се должи и на нововработените во фабриката Ван Хол лоцирана во ТИРЗ Скопје 2 и растот на извозот од зоните кои во првите осум месеци годинава изнесува речиси 750 милиони евра.

    – Во ТИРЗ до крајот на 2014 година само во компаниите позиционирани во зоните бројот на вработени ќе достигне околу 3.500, но со реализацијата на инвестициите од компаниите кои ги потврдија одлуките за инвестирање во ТИРЗ бројот на вработени во текот на наредната година драстично ќе се зголеми и ќе достигне бројка од 7.000.

    Поставувањето на камен-темелник на ТИРЗ во Берово за вицепремиерот Пешевски ќе претставува уште едно од обележјата по кое е познато Берово.

    – Верувам дека луѓето ќе останат тука не само заради убавата храна и природа, туку и за можноста за егзистенција, истакна Пешевски, нагласувајќи дека целта на изградбата на ТИРЗ во Берово е да се вратат луѓето што отидоа во странство да најдат место за егзистенција.

    Со ставањето камен-темелник на новата ТИРЗ во Берово министерот Незири истакна дека продолжува да се визуелизира намерата за воспоставување можности за рамномерен економски развој во Македонија.

    ТИРЗ во Берово ќе има 10 парцели. Се наоѓа во местото викано Шушлевец, на еден километар од Берово во непосредна близина на регионалниот пат Берово – Дабиле, Струмичко, на оддалеченост од 150 километри од Александар Велики во Скопје, 103 километри од граничниот премин Богородица и 43 километри од граничниот премин Деве Баир кон Бугарија.

    Според проектот, планирана е изградба на внатрешна улична мрежа, довод на вода, струја и гас, посебна мрежа за улично осветлување, канализациска инфраструктура за прифаќање на атмосферските и отпадни води, како и преземање на сите потребни мерки за заштита на животната средина, односно се што е потребно за нормално и функционално работење на идните производствени капацитети во оваа зона.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...