0.3 C
Pehčevo

    Изгласан буџетот на Општина Пехчево за 2020 година

    Датум:

    На денешната одржана седница на Совет на Општина Пехчево,  со седум гласа за и три гласа против, беше изгласан буџет на Општина Пехчево за 2020 година.

    Буџет 2019

    На изготвувањето на буџетот му претходеа средби со граѓани, на кои што беа слушани нивните предлози за тоа што Општината треба да направи во 2020 година. При изготвувањето на буџетот за 2020 година во целост се почитуваше принципот на буџетска дисциплина и рационално и ефикасно искористување на нивните приходи и истовремено сведување на непродуктивните трошоци на минимум, а за обезбедување поголем простор за развојни инвестиции.

    Вкупниот буџет на Општина Пехчево за 2020 година е проектиран на сума од 113.176.000 денари, а основниот буџет е проектиран на 37.617.000 денари. Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти. На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во нашата општина.

    Во буџетот за 2020 година предвидено е реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на културата, социјалата, спортот, животната средина, туризам и др.

    Буџетот на Општина Пехчево за 2020 година беше изгласан после долга и сеопфатна дебата и во демократска атмосфера со 7 гласа „за“ и 3 гласа „против“, додека еден од советниците беше отсутен.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...