Ве известуваме дека Секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Општина Пехчево,Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе ги презентираат можностите и условите за користење на средстваста од новата ИПАРД Програмата 2014-2020 година за мерките :
- Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства
- Диверзификација на фармите и развој на бизнис (посебен акцент ќе се стави на рурален туризам)
Презентацијата ќе се одржи на 31.03.2017 во 16.00 часот во Салата на Домот на културата „Јане Сандански“ – Пехчево.
Ги покануваме сите заинтересираните земјоделци занаетчии и стопанственици да присуствуваат на овој настан.
Со почит,
Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство