0.5 C
Pehčevo

    И годинава Фестивал на дувачки оркестри во Пехчево

    Датум:

    Пехчево-Фестивал-Настан и пост за медиуми

    Единствениот фестивал на дувачки оркестри во нашата земја ја продолжува својата традиција. Општина Пехчево, по осми пат ќе го организира фестивалот кој ќе се одржи на плоштадот „Св. Петар и Павле“ од 12 до 14 јули.

    Општина Пехчево се подготвува за ново возбудливо издание на фестивалот со цел да ги задоволи очекувањата на традиционалните посетители на фестивалот и да привлече нови гости.

    „И годинава, очекуваме дека програмата која ја подготвивме ќе привлече огромно внимание и ќе биде вистинско уживање за нашите посетители“, велат од Општина Пехчево.

    Три дена исполнети со настапи на врвни дувачки оркестри, но и големи концерти на македонски и балкански ѕвезди. Освен многу музика, гостите ќе уживаат конзумирајќи вкусна скара и разновидни пива.

    Главни покровители на фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево се Хотел Гогов, Кит-Го Маркети и Дик Фагус-Пехчево.

    За фановите на фудбалот ќе има посебна зона каде што ќе се следат завршните натпреварите од годинашното Светско првенство во Русија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...